Промени тема
Контакт

Здравството подготвува план за евентуална ескалација на Хантавирусот, на него работат експерти од повеќе институции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Настани
media-librarynv0529l34a8tdJkt0M7

Министерот за здравство, Азир Алиу, изјави дека за првпат е подготвена стратегија за кризно управување со здравствениот систем, во контекст на прашањата дали државата има план за евентуална ескалација на Хантавирусот.

— реклама —

Според Алиу, формирана е експертска група составена од претставници на повеќе институции, која има задача да подготви конкретен план за постапување во услови на здравствена криза.

— реклама —

„Првпат имаме стратегија за кризно управување со здравствениот систем, креирана е група експерти од различни институции, за да направи план, за евентуално ако имаме потреба, да знаеме како да се справуваме со кризата“, рече Алиу.

— реклама —

Тој не откри дополнителни детали за конкретните мерки, но посочи дека целта е здравствениот систем да има подготвен механизам за реакција при евентуално влошување на состојбата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања