Здружение на педијатри на Македонија: Вакцините се безбедни и квалитетни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
thumb

Здружението на педијатри на Република Македонија ги поддржува сите мерки што ги превзема Министерството за здравство во однос на вакцинирањето на децата кои не се вакцинирани со МРП вакцината.

— реклама —

„Повикот е од особена важност за децата кои се во потенцијален ризик или се опкружени со лица во потенцијален ризик и истите треба да бидат веднаш вакцинирани со цел намалување на ризикот на и така намалениот колективен имунитет. Со тоа се намалува ризикот за пренесување на малите сипаници – морбили, кај децата и кај повозрасната популација. Со вакцинацијата се намалува ризикот од заболување од морбили, а со тоа и опасноста од можните компликации кои можат да бидат многу сериозни и смртоносни.

Важноста на педијатарот во имунизацијата е исклучителна и единствена, бидејќи тој е компетентен во проценувањето на здравствената состојба на детето и е одговорен за навремено информирање на родителите во однос на здравствената заштита на детето и имунизацијата. По претходно утврдена здравствена состојба на детето, со вакцинирањето се спречуваат несакани грижи за здравјето на децата.

— реклама —

Вакцините се безбедни и квалитетни“, велат од здружението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања