Здружение на судии на Република Македонија побара итно одмрзнување на платите на судиите, зголемување на примањата на судската администрација и распишување огласи за нови вработувања во судовите, со цел, како што наведуваат, обезбедување ефикасно и независно функционирање на судскиот систем.
Здружението информира дека до Уставен суд на Република Северна Македонија поднело дополнување на иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на измените на Законот за плати на судиите, при што се опфатени и последните измени донесени на 25 февруари 2026 година. Со иницијативата се бара поништување, односно укинување на измените со кои, според Здружението, платите на судиите остануваат замрзнати веќе трета година по ред.
Во соопштението се оценува дека начинот на донесување на измените бил брз и неуставен, со популистички карактер, и дека тоа има далекусежни последици врз владеењето на правото. Според Здружението, ваквиот пристап е во спротивност со член 32 од Уставот и директно го нарушува достоинството на судиската функција.
Судиите посочуваат дека пратениците треба да престанат со носење законски решенија што, како што велат, имаат за цел купување социјален и политички мир, наместо да се насочат кон обезбедување независно и непристрасно судство како гарант на владеењето на правото и предуслов за европски напредок на земјата.
Во соопштението се наведува дека, по зголемувањето на функционерските плати од 78 проценти, платите на судиите во прв степен достигнале просечно околу 86.000 денари, а без тоа зголемување би изнесувале околу 50.000 денари. Дополнителен проблем, според Здружението, претставуваат ниските примања и одливот на кадар од судската администрација, како и неисплаќањето на додатоците, што, како што наведуваат, директно се одразува врз граѓаните како странки во постапките.
Здружението предупредува дека доколку продолжи, како што го нарекуваат, „уривањето“ на судскиот систем и доколку измените останат во сила, судиите ќе разгледаат други форми на изразување незадоволство и видлив протест, при што ја поддржуваат и судската администрација во преземање законски чекори за изразување на незадоволство.
Здружението на судии бара одмрзнување на платите и нови вработувања во судовите
објавено пред 5 часа -
Македонија
Здружението на судии бара итно одмрзнување на судиските плати, зголемување на примањата на судската администрација и нови вработувања за ефикасно и независно судство. Поднело дополнување до Уставниот суд за укинување на измените на Законот за плати (вкл. од 25.02.2026), со кои платите се замрзнати трета година. Тврдат дека измените се донесени брзо и неуставно, спротивно на член 32, и го нарушуваат достоинството на судиската функција. Посочуваат проблеми со ниски плати и одлив на кадар во администрацијата и неисплатени додатоци; најавуваат можни протести ако состојбата продолжи.
Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенцијаПоврзани содржини
Одобрени обвиненијата за 13 полицајци за пожарот во „Пулс“ и злоупотребите на ИПАРД фондовите
Македонија | пред 4 дена
Анима Мунди: Судот денес ќе покаже дали ќе има казна за убиството на коњите во ЗОО Скопје
Скопје | пред 2 месеци
(Видео) Самоубиствен бомбаш ја разнесe влезната порта на судот во Исламабад - 12 загинати, 27 повредени
Свет | пред 3 месеци
Осум години затвор за негувателка која тепала и малтретирала бебиња во градинка во Лондон
Свет | пред 5 месеци