Промени тема
Контакт

Зечевиќ од три општини со кои владееше СДСМ за адвокатски услуги инкасирал 30.000 евра за три години, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mile-zecevic

„Зечевиќ од три општини со кои владееше СДСМ за адвокатски услуги инкасирал 30.000 евра за три години. Во период од 2019 до 2021 година Миле Зечевиќ само од општините Неготино, Пробиштип и Град Скопје инкасирал 30.000 евра. Колку други тендери или договори со јавни претпријатија и државни институции склучил Зечевиќ како адвокат? И како Зечевиќ и неколку луѓе од СДСМ ги добивале сите договори и работи од институциите со кои управувале луѓе од СДСМ“, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —
— реклама —

„Ист пример како со Зечевиќ е и со адвокатското друштво на Снежана Калевска Ванчева, која за адвокатски услуги инкасирала над 55.000 евра. И додека другите адвокати работат и се борат на пазарот, луѓето блиски до СДСМ добиваат договори или тендери и печалат илјадници евра. Целата паника во СДСМ, каде Зечевиќ е генерален секретар е токму затоа што ја немаат апсолутната власт во општините и не можат да земаат тендери и да се гоштеваат по кафеани на сметка на народот. Затоа се и сите неосновани напади кон градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што го оневозможија нивниот криминал и арамилук“, додаваат тие.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања