ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

Зекири: Дали Џафери свесно одработи Вељаноски да не се соочи со правдата?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Slika-Muhamed-25-02

Категорично ги отфрлам тврдењата на претседателот на Собранието Талат Џафери дека јас сум бил причината зошто тој не успеал до полноќ да ја заврши седницата со гласање по точката на дневниот ред, изјави пратеникот Мухамед Зекири на денешната прес-конференција.

— реклама —

„Воопшто немало ситуација којашто наликува на потребата од прекинување на седницата.

Талат Џафери е искусен пратеник и во минатото успевал да менаџира седници коишто биле далеку по тензични, од таа синоќа.

— реклама —

Во ниту еден момент немаше директни навреди од моја страна упатени кон него.

Одговорноста за неуспехот на Собранието да донесе одлука за барањето на Судот за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски, Талат Џафери не може да ја префрла на други.

Мнозинството беше тука и спремно да гласа и да му овозможи на Судот непречено да ги продолжи своите процеси.

Прашање е дали Талат Џафери свесно одработи за ВМРО-ДПМНЕ, односно Трајко Вељаноски да не се соочи со правдата.

Бараме принципиелност, Собранието е должно да постапува и да му овозможи на судот непречено да работи.

27 април е крвав настан, а неговите организатори мора да одговараат.

СДСМ е одговорна партија со одговорна пратеничка група - правдата и интересот на јавноста за нас е на прво место.

Јавноста бара одговори, дали се калкулирало синоќа или не, а претседателот Талат Џафери треба да одговори, а не да калкулира како што тоа го направи на својата прес конференција“, изјави Зекири.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања