„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Зекири: Слабата излезност на Албанците е порака до ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Граѓаните во првиот круг од претседателските избори ни пратија порака за отрезнување, бидејќи некои функционери летнаа во облаци, вели потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири во интервју за МКД.

— реклама —

-Мислам секако на функционери од партијата – директори, министри и градоначалници. Граѓаните се причината што сите ние сме дел од извршната, законодавната и локалната власт. Некои, за жал, тоа го заборавија и се поставија над граѓаните, кои во првиот круг од претседателските избори ни пратија јасна порака да се отрезниме. Граѓаните се тие што секогаш знаат да наградат, а богами и да казнат. Власта легитимитетот го црпи од граѓаните и од никого друг – вели Зекири.

Според него, на изборите немало бојкот од ДУИ туку на виделина всушност излегла реалната слика за тоа колку во моментов тежи партијата.

— реклама —

-Малиот одзив кај Албанците е поради нивната разочараност од нивните политичари. Тоа не е порака само до ДУИ, туку и до албанската опозиција. 80 илјади гласови за Блерим Река не се гласови на опозициските Алијанса за Албанците на Зијадин Села и Беса на Билал Касами. Добар дел од тие гласачи ја дале поддршката водејќи се од етничката припадност на кандидатот, или гласале за да пратат порака на партиите на Албанците што се дел од извршната власт, пред се на ДУИ – вели потпретседателот на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања