Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Зеќири стигна до крајот, со емоционално обраќање побара и слобода: Аргументите се основа!

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2023-11-23-at-12.49.07

Судењето на ексгенералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, стигна до крајот. На рочиштето за завршни зборови, се прогласни за „ни крив, ни должен“. Тврди дека преку доказите изведени во судница, докажал дека е невин. Зеќири смета дека Обвинителството не докажало дека тој злоупотребил 154.000 евра, ниту ја пречекорил сумата планирана за физибилити студијата. Споменуваше и имиња на министри, за чии сведочења смета дека се во негова корист.

— реклама —

Зеќири имаше и емоционално обраќање пред судечкиот совет. Им посочи дека додека трае судско-обвинителскиот процес, неговото семејство го финансираат родителите на сопругата. За неа, посочи дека е тешко болна, а дијагностиката била направена додека траело докажувањето на неговата невиност.

— реклама —

„Аргументите се реална основа за да донесете единствено праведно решение, мое ослободување од обвинението“, порача Зеќири.

— реклама —

Обвинителството покрена обвинение за Зеќири во јуни минатата година. Судењето неколкупати се враќаше од почеток, поради истек на 90 дена од последната расправа. Зеќири имаше и семејна трагедија по која беше нарушено неговото здравје. Издржуваше и притвор во затворот „Скопје“ во Идризово.

Обвинителството за организиран криминал и корупција му поднесе обвинение за проневера на милион и четиристотини илјади евра буџетски пари. Зеќири е обвинет за продолжено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластувањата.

Обвинетиот како генерален секретар на Владата, со умисла, според обвинението, извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Тој, во периодот од април 2021 до март 2022, како владин функционер спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и во два наврати, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка во која на конкурентен начин би се одбрало правно лице за спроведување на потребните активности, склучил два договора со две правни лица како даватели на услуги.

Според Обвинителстото, на 04.05.2021 година, обвинетиот, без да спроведе постапка за јавна набавка, со умисла потпомогнат од осомничените хрватски државјани (недостапни на органите на прогон), склучил договор за консултантски услуги со фирма, на износ од 795.000 евра без ДДВ во денарска противвредност. Ова правно лице, во кое еден од осомничените хрватски државјани е соосновач и управител, било основано дваесет дена пред склучувањето на Договорот. По склучениот договор, правното лице склучило Договор за консултантски услуги за постапка на процена на вредноста, како и длабинско снимање на АД Пошта на Северна Македонија Скопје со вториот осомничен хрватски државјанин, за износ од 130.000 евра во денарска противвредност.

Пресудата ќе биде соопштена на 1 декември.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања