„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

„Зелен хуман град“ поднесува претставка за ДУП-от кај Холидеј Ин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ изработи претставка против незаконски издаденото одобрение за градба и незаконски применуваниот ДУП кај Холидеј Ин што ја адресираше до три надлежни инспекциски служби – Инспекциски совет, Државен инспекторат за градежништво и урбанизам и Државен инспекторат за локална самоуправа, соопштуваат од иницијативата. Тие претставката денеска и официјално ќе ја поднесат во Инспекцискиот совет.

— реклама —

„На нашиот ФБ профил ги повикавме скопјани да ја поднесат истата претставка од своите електронски адреси. До овој момент електронски се поднесени над 80 претставки“, велат од „Зелен хуман град“.

Спиред нив, Деталниот урбанистички план кој моментално се применува бил спротивен на одредбите од Генералниот урбанистички план на Скопје (2012-2022), со што велат се прекршувал членот 35 ст. (5) од Законот за урбанистичко планирање.

— реклама —

„Во претставката е детално аргументирано од што точно произлегуваат востановените законски прекршувања, а наведени се и стручните аргументи од Елаборатот за суспензија што го изработија стручните служби во Општина Центар. Истовремено, не ги забораваме ни жителите од Ново Маало. За нив мора да се најде решение. За прашањето на новомаалци да се реши потребен е нов план со поинаку дефинирани парцели кои полесно ќе се реализираат“, реагираат од иницијативата.

Од „Зелен хуман град“ бараат меѓународен конкурс за најдобро урбанистичко решение со цел да се одговори на сите потреби на локалното население.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања