Промени тема
Контакт

Зелено светло за нови министерства и реорганизација: за едни реформа, за други непотребно брзање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2024-01-28-at-12.15.26

Вкупно 74 пратеници ја изгласаа потребата од законски измени, за реорганизација на министерствата и целата државна управа. Едни велат дека ова значи реформа, други реагираат зошто се брза со донесување на измените на Законот. Со него, дел од надлежностите на министерствата ќе се прелеат во други, а воедно, ќе се формираат и нови институции.

За предложените измени и дополнувања на Законот за организација и работа на органите на државната управа, што ги предложи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, треба да заседаваат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците како матично работно тело и Законодавно-правната комисија, откако денеска Собранието го прифати неговиот предлог да се носат по скратена постапка. Седницата на Комисијата за политички систем е закажана за вечер во 18 часот.

— реклама —

Суштината на овој предлог е реформи во администрацијата, а со цел да ги решиме реалните проблеми на граѓаните со ефикасни политики со одлуки кои ќе донесат подобар животен стандард, повисоки плати, повисоки пензии, подобро образование, ефикасна социјална заштита, развиена економија и земјоделие. За да го направиме ова ни треба добра организација на владата и затоа поднесувам предлог на Законот за измени на законот за организација и работа на органите во државната управа по скратена постапка, рече пратеникот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој даде образложение на измените на Законот за организација и работа на органите во државната управа кој во Собрание по скратена постапка.

— реклама —

Блерим Беџети рече дека треба да се разговара пред процесот на усвојување. Тие гласаа воздржано за потребата од законски измени.

„Ни овој закон не треба да се спроведува еднострано, бидејќи организирањето на државните органи ќе има предности или недостатоци за граѓаните на оваа држава, од сите етнички припадности. Затоа, со процес на дијалог, бидејќи овие тела се во служба на граѓаните, треба сите да внимаваме на легитимитетот“, рече Блерим Беџети од ДУИ.

— реклама —

Први со реакција се јавија од Левица. Времето е кратко, а измените крупни и вакви законски измени не може да се донесат по скратена постапка, кажа пратеникот Борислав Крмов.

— реклама —

„Зборуваме за системски закон, тоа е за измена и надополнување на Закон за организација и работа на органите на државната управа. Ние го добиваме материјалот во средаби вчера во 22:30 ч. вие го повлекувате Законот и поднесувате друга измена. Како очекувате пратениците да дискутираат за овој закон - истакна народниот пратеник Борислав Крмов во процедурално обраќање на денешната седница“, рече Крмов.

Во процедурално обраќање на седницата, пратеникот од Левица Димитар Апасиев праша зошто претседателот на Собранието Африм Гаши не го ставил како точка на дневен ред барањето што го достави Левица да се констатира престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери поради неспоивост на функцијата премиер и пратеник. Гаши рече дека барањето го примил на 4 јуни и веднаш го препратил до сите пратеници, но не и до собраниската Комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања, бидејќи составот се уште не и е избран.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања