Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Зеленски ѝ честиташе на Србија за изборниот исход: „Нека се остварат сите добри надежи на граѓаните на Србија“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
1648455410-2022-03-27T184044Z_1864456165_RC21BT9IRDT3_RTRMADP_3_UKRAINE-CRISIS-ZELENSKIY-RUSSIA-MEDIA-750x500-1-1

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го поздрави изборниот исход во Србија, оценувајќи дека победата на студентската листа претставува ново поглавје во историјата на земјата и нејзиниот народ.

— реклама —

На предвремените парламентарни избори во Србија, студентската листа „Студентите победуваат“ освоила 52,54 отсто од гласовите, додека листата на Александар Вучиќ „Обединета Србија“ добила 39,29 отсто. Вучиќ го признал поразот, обвинувајќи ги медиумите и „длабоката држава“ во САД. По неговото обраќање, граѓаните излегле на улиците и славеле до доцна во ноќта.

— реклама —

Зеленски порача дека ѝ посакува на Србија успех, вистински развој и добри односи со европската заедница. Тој ѝ се заблагодари на Србија за почитта кон украинскиот народ, државата и независноста.

— реклама —

„Секогаш се радуваме на нашите заеднички успеси, на сè што ги зајакнува нашите општества и им овозможува повеќе можности на луѓето“, напиша Зеленски, додавајќи дека Украина е подготвена да продолжи да ја проширува соработката со Србија.

— реклама —

„Нека се остварат сите добри надежи на граѓаните на Србија“, порача украинскиот претседател.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytlcqb15n5hba1m2XP36

Зеленски: Ограничувањата на „Старлинк“ ги спречуваат украинските дронови да пресретнуваат руски „Шахеди“

Свет | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Путин предложил „хуманитарна мисија“ во Украина, Зеленски предупредува на план за окупација

Свет | пред 1 ден

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски: САД прашале дали Украина би се откажала од Донбас за членство во НАТО

Свет | пред 1 ден

media-library8272rkhharc878O5luK

Вашингтон нуди безбедносни гаранции и членство во НАТО во замена за Донбас, тврди Зеленски

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања