Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Зеленски им се заблагодари на САД за пакетот помош за Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
volodimir-zelenski1-830x0

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на американскиот Сенат за усвојувањето на законот со кој се одобри пакетот помош за Киев во износ од 61 милијарда долари.

— реклама —

Зеленски истакна дека со овој потег САД ја потврдиле својата улога на „светилник на демократијата“, пренесува Ројтерс.

— реклама —

„Благодарен сум на американскиот Сенат што ја одобри клучната помош за Украина. Ова гласање ја зајакнува улогата на Америка како светилник на демократијата и лидер на слободниот свет“, рече украинскиот претседател во изјавата на платформата Телеграм.

Американскиот Сенат усвои закон со кој се одобрува пакетот безбедносна помош за Израел, Украина и Тајван во вкупна вредност од 95 милијарди долари. За усвојување на законот кој го изгласа Конгресот по неколкумесечно одложување гласаа 79 сенатори, а против 18.

— реклама —

За да стапи на сила законот, треба да го потпише американскиот претседател Џозеф Бајден. Пакетот за помош предвидува 61 милијарда долари за Украина, 26 милијарди за Израел и околу 8,12 милијарди за „контра комунистичка Кина“ во Индо-пацификот, додека четвртиот дел од пакетот е наменет за мерки што ќе доведат до потенцијална забрана на со апликацијата TikTok во САД, мерките според кои замрзнатите руски средства ќе бидат префрлени во Украина и ќе бидат воведени нови санкции кон Иран, пренесува Ројтерс.

„Ќе го потпишам овој предлог-закон веднаш штом ќе пристигне на моето биро утре и ќе им помогнам на Американците за да започнеме со испраќање оружје и опрема во Украина оваа недела. Потребата е итна: за Украина, која се соочува со немилосрдно бомбардирање од Русија, за Израел, кој штотуку се соочи со невиден напад од Иран, за бегалците и оние кои се погодени од конфликти и природни катастрофи низ светот, вклучително и во Газа, Судан, Хаити. “, рече Бајден.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library67u1l8gcbbcvdhCdzPx

Што ќе се случи ако Трамп ја прекине воената поддршка за Украина?

Свет | пред 5 часа

— реклама —
media-library0k59l1bbd0kf0Z0SkRg

(Видео) Украински дронови нападнаа хемиска фабрика во Русија, избувна голем пожар

Свет | пред 8 часа

media-librarypdksohn53civ5tzA7Fy

(Видео) Четири лица загинаа, а 78 се повредени во руските напади врз Украина

Свет | пред 10 часа

sateliiistarlinklui740e

Украина повторно доби стабилен „Старлинк“ по неколкудневни ограничувања – Трамп тврди дека Маск го активирал

Свет | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања