Промени тема
Контакт

Зеленски не е на масата каде се одлучува за Украина, Русија сака да се „смири“ со САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
1681115444_zelenski

Пред почетокот на преговорите за ставање крај на војната во Украина, се сретнаа американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Други американски претставници присутни на разговорите во Ријад се советникот за национална безбедност Мајк Валц и пратеникот за Блискиот Исток Стив Виткоф. На руска страна се политички, разузнавачки и деловни личности на највисоко ниво, меѓу кои и помошникот на претседателот Јуриј Ушаков и шефот на Фондот за државна сопственост Кирил Дмитриев, кои одиграа клучна улога зад сцената во неодамнешниот договор за ослободување на американските затвореници, пишува Си-Ен-Ен.

— реклама —

Американската и руската делегација ги зазедоа своите места на масата во Ријад, но клучната земја не е на разговорите: Украина. На денешните преговори не присуствуваат ниту Володимир Зеленски, ниту кој било друг украински функционер. Би-Би-Си јави дека Зеленски денеска е во Турција, каде ќе се сретне со претседателот Реџеп Таип Ердоган.

— реклама —

Иако САД нагласуваат дека ова не е почеток на мировните преговори, тие сепак би можеле да бидат на повидок, пишува Би-Би-Си.

— реклама —

Русија вели дека нејзин приоритет е да започне нормализирање на односите со САД.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryabpnnkvkudne1DUDhMZ

Москва пријави илјадници сајбер-напади за време на парламентарните избори

Свет | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryal7tn11j3fht2MfVpaw

Расте загриженоста во Европа од можни руски напади врз НАТО: Се спомнуваат дронови, проектили и саботажи

Свет | пред 12 часа

media-libraryh6lpk7rjt4rkenrhsf3

Фицо: Некои западни политичари сакаат да предизвикаат војна меѓу Русија и НАТО

Свет | пред 22 часа

media-libraryh66i1s7p14t40xNVJYV

Поранешна членка на Pussy Riot: ФСБ ме уценуваше да шпионирам активисти и да намамам човек во Србија

Свет | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања