Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Зеленски очекува санкции и повеќе оружје ако Москва ги одбие мировните услови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-librarycc0gi9u8j4ue5U9p2ON
Фото: Фејсбук/Володимир Зеленський

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека очекува Соединетите Американски Држави, предводени од претседателот Доналд Трамп, да извршат силен притисок врз Русија доколку Москва одбие да ги прифати мировните услови договорени меѓу Украина, САД и Европа. Изјавата ја даде за време на летот од Берлин кон Украина, по вчерашните разговори, пренесува „Украинска правда“.

Одговарајќи на новинарско прашање што би се случило ако Кремљ ги отфрли договорите кои се финализираат со Вашингтон и европските партнери, Зеленски со доза хумор ја спореди ситуацијата со турбуленциите во авионот. Тој рече дека, ако Путин одбие сè, ќе се соочиме со „турбуленции“, додавајќи дека токму во тој момент авионот навистина минувал низ такви услови, но дека тоа е ништо во споредба со војната и со последиците од евентуално уништување на сите дипломатски можности од страна на Русија.

— реклама —
— реклама —

Зеленски оцени дека во таков случај би било логично САД да го засилат притисокот врз Москва преку санкции и зголемена воена помош за Украина. Според него, доколку Америка е подготвена да даде безбедносни гаранции и да реагира доколку тие бидат прекршени, тогаш нема суштинска разлика меѓу ситуација во која Путин ги прекршува договорите и ситуација во која одбива да ја запре војната. Тој нагласи дека би било фер барање Украина и дел од европските лидери да добијат барем дел од тие гаранции, особено во форма на засилена противвоздушна одбрана и оружје со долг дострел, за да можат ефикасно да се бранат.

— реклама —

Украинскиот претседател информираше и дека по разговорите ќе бидат формализирани пет документи поврзани со безбедносните гаранции и обновата на земјата, истакнувајќи дека е постигнат сериозен напредок на ова поле. Тој повтори дека Украина нема да прифати ниту де јуре ниту де факто признавање на окупираниот Донбас како руска територија. Во меѓувреме, американски медиуми, повикувајќи се на свои извори, наведуваат дека Вашингтон смета оти околу 90 проценти од несогласувањата меѓу Украина и Русија веќе се надминати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија тврди дека уништила инфраструктура што ја користи украинската војска

Свет | пред 13 минути

media-libraryeqpi3p374lp0e3TtA7y

Русија распиша потерница по ќерката на убиениот критичар на Путин, Борис Немцов

Свет | пред 9 часа

media-libraryhb97pf41t48vdAkHg4a

Москва под портокалов аларм поради екстремни горештини

Свет | пред 1 ден

media-librarynb44ogip0afq1g7dFWl

Одмор со неизвесност: Војната силно го погоди туризмот во Русија

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања