Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Зеленски: Погодивме руска рафинерија на 500 километри оддалеченост од Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-librarye12t0vacuv6vbj3EHhJ
Илустрација

Најголемата московска рафинерија за нафта ја прекина работата по синоќешниот украински напад со дронови, тврдат два извори запознаени со ситуацијата.

Според нив, во нападот за кој одговорност ја презеде Украина, избувнал пожар и бил оштетен примарниот погон CDU-6, чиј дневен капацитет за преработка изнесува околу 21.400 тони нафта, што претставува повеќе од половина од вкупниот капацитет на рафинеријата.

— реклама —

Изворите наведуваат дека се очекува рафинеријата наскоро да продолжи со работа преку друг погон, кој може да преработува околу 18.800 тони нафта дневно.

— реклама —

Иако руските служби за итни случаи претходно соопштија дека пожарот е изгаснат и дека не влијаел врз работата на објектот, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, потврди дека постројката претрпела оштетувања.

— реклама —

Рафинеријата, која е во сопственост на „Газпромњефт“, се наоѓа во југоисточниот дел на Москва и е еден од главните извори за снабдување на руската престолнина со гориво.

— реклама —

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари на припадниците на украинските сили кои учествувале во нападот.

„Овој пат Московската област го почувствува дострелот на украинските далекусежни способности. Погодена е рафинерија на оддалеченост од 500 километри. Ова е праведен одговор на руските напади и на одолговлекувањето на војната“, изјави Зеленски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarysnmaa1rl2hgg7Xijxf1

Украина му зададе тежок удар на Путин со разурнувањето на Кримскиот мост

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-librarysith7ierrfmn68Wt5XU

Украина исчисти над 230.000 хектари од мини, неутрализирани повеќе од 260.000 експлозивни направи

Свет | пред 2 дена

media-libraryh2aohabuoto18k0oXtb

Русија и Украина разменија нови воздушни напади, најмалку 16 лица се повредени

Свет | пред 1 седмица

media-libraryfa87nutg2i1s4i0Tip1

(Видео) Украински дронови погодија енергетска инфраструктура и петрохемиски капацитети во Русија

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања