Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Доха на работна посета, продолжувајќи ја својата дипломатска турнеја на Блискиот Исток.
Според информациите на Катарската новинска агенција, Зеленски бил пречекан на Меѓународниот аеродром во Доха од државниот министер за надворешни работи Мохамед бин Абдулазиз ал-Кулаифи, како и од украинскиот амбасадор во Катар, Андриј Кузменко.
„Неговата екселенција, претседателот на Украина Володимир Зеленски, пристигна утринава во Доха на работна посета“, се наведува во соопштението.
Посетата следува по неодамнешната посета на Обединетите Арапски Емирати, каде Зеленски разговараше за безбедносна и одбранбена соработка.
Се очекува во наредниот период да бидат објавени повеќе детали за агендата и средбите во рамки на посетата.