Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Зеленски: Со Трамп му предложивме на Путин средба во САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека заедно со американскиот претседател Доналд Трамп му предложиле на рускиот лидер Владимир Путин да одржат средба во САД, со цел да се донесат конкретни одлуки за прекин на војната.

— реклама —

Говорејќи на Меѓувладината конференција на Европската Унија, пред заминувањето на самитот на Г-7 во Франција, Зеленски рече дека на Путин му било понудено да се сретне „каде било“, доколку тоа може да придонесе за постигнување мир.

— реклама —

„Му предлагавме на Путин да се сретнеме каде било, доколку тоа овозможи донесување реални одлуки за прекин на војната“, изјави Зеленски.

Тој посочи дека Русија досега ги одбивала ваквите иницијативи и откри дека со САД и Франција разговарале за можноста средба со руски претставници да се одржи и на маргините на самитот Г-7, со учество на демократските држави.

— реклама —

„Вчера разговарав со Трамп за можноста таква средба да биде организирана во САД, во формат во кој на Путин ќе му биде значително потешко да ја одбие, особено поради присуството на американскиот претседател“, рече Зеленски.

— реклама —

Тој нагласи дека доколку Москва ја одбие и оваа можност за дијалог, меѓународната заедница ќе треба да размисли за дополнителен притисок врз Русија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

zelenski-putin

Зеленски: Русија одби разговори за запирање на нападите, Путин сака да продолжи со војната

Свет | пред 11 час

— реклама —
zelenski-putin

Зеленски: И јас можам да му нацртам мапа на Путин, на која целосно ја окупирам Русија

Свет | пред 1 ден

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски најави нови кадровски промени во украинските вооружени сили

Свет | пред 5 дена

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски подготвен за средба со Путин во Турција

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања