Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Зеленски: Украинските ракети и дронови ќе можат да погодуваат цели уште подлабоко на руска територија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
media-library7d31875pjk7ccA0FL8W
Фото: Фејсбук/Володимир Зеленський

Украина работи на проширување на досегот на своите ракети и беспилотни летала, со цел да може да погодува цели уште подлабоко на руска територија, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.

— реклама —

По добивањето извештај за нападите од долг дострел во септември и октомври, Зеленски објави дека руските цели од Јамал до Западен Сибир веќе се наоѓаат во дострелот на украинските сили.

— реклама —

„Секој руски напад врз нашите градови и заедници секогаш наидува на целосно оправдан одговор. Работиме на тоа нашите дронови и ракети да можат да досегаат уште подалеку на руска територија“, напиша Зеленски на Телеграм, пренесе УНИАН.

Тој посочи дека Украина планира да ги прошири единиците за напади од долг дострел, користејќи ги капацитетите на Службата за безбедност на Украина, особено Центарот за специјални операции „Алфа“, разузнавачките служби и другите составни делови на украинските одбранбени сили.

— реклама —

Зеленски оцени дека украинските капацитети за напади од голема далечина се една од гаранциите за зачувување на независноста на земјата за време на војната, но и за нејзината долгорочна безбедност по завршувањето на судирот.

Тој истовремено нагласи дека паузата во нападите врз руските нафтени рафинерии е завршена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8iekmmmqemhn4fRaQMe

Загина вработен во нуклеарната централа „Запорожје“ при напад со дрон

Свет | пред 11 час

— реклама —
media-librarysnmaa1rl2hgg7Xijxf1

(Видео) Три лица загинаа, а 17 се повредени во украински напад со дронови врз Русија

Свет | пред 4 дена

Screenshot-2025-02-10-at-08.55.43

Маск обвини дека Украина го користела „Старлинк“ за напади со дронови: „Го блокиравме тоа минатата недела“

Свет | пред 5 дена

media-library67u1l8gcbbcvdhCdzPx

Што ќе се случи ако Трамп ја прекине воената поддршка за Украина?

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања