Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Загина вработен во нуклеарната централа „Запорожје“ при напад со дрон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-library8iekmmmqemhn4fRaQMe
unsplash

Напад со беспилотно летало врз нуклеарната централа „Запорожје“ во Украина го однесе животот на еден од вработените, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

— реклама —

Загинатиот работел како заварувач во централната работилница за поправки, објави агенцијата на социјалната мрежа Икс.

— реклама —

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, оцени дека секој напад врз персоналот на нуклеарна централа е неприфатлив и ги повика завојуваните страни да покажат максимална воздржаност за да се спречи опасност од нуклеарна несреќа.

Агенцијата не соопшти кој стои зад нападот ниту дали бил извршен од руските или од украинските сили.

— реклама —

Нуклеарната централа „Запорожје“, најголема во Европа, има шест реактори и се наоѓа под руска контрола од почетокот на војната во Украина. Иако реакторите се исклучени, нивното постојано ладење е неопходно за безбедноста. МААЕ има постојан тим во централата кој ја следи состојбата.

Во меѓувреме, во други напади во Украина вчера загинале најмалку 20 лица. Четиринаесет лица го загубиле животот во руски напад со дрон врз железничка станица во Днипро. Во Киев, во напад со руски балистички ракети загинало едно лице, додека во Чернигов животот го загубиле две 15-годишни девојки. Уште три лица загинале во Кременчук.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysnmaa1rl2hgg7Xijxf1

(Видео) Три лица загинаа, а 17 се повредени во украински напад со дронови врз Русија

Свет | пред 3 дена

— реклама —
Screenshot-2025-02-10-at-08.55.43

Маск обвини дека Украина го користела „Старлинк“ за напади со дронови: „Го блокиравме тоа минатата недела“

Свет | пред 4 дена

media-library67u1l8gcbbcvdhCdzPx

Што ќе се случи ако Трамп ја прекине воената поддршка за Украина?

Свет | пред 5 дена

media-library0k59l1bbd0kf0Z0SkRg

(Видео) Украински дронови нападнаа хемиска фабрика во Русија, избувна голем пожар

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања