Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Железничката пруга за поврзување на Македонија и Бугарија станува реалност, тврди Николовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
nikolovski

СДСМ инвестира во сегашното и иднината, ги исполнивме стратешките цели и покажавме што е најдоброто за нашата држава, за нашите граѓани, изјави денеска од Кратово генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„30 години се зборуваше но СДСМ успеа заедно со граѓаните, ние сме 30-та земја членка на НАТО! 20 години се зборуваше, ама СДСМ успеа и денеска имаме успешно завршен попис. 99 % од нашите граѓани се попишаа. Споредете и направете разлика.Покажавме дека имаме капацитет, дека сме држава. Во една рака го имаме НАТО, во другата Попис“,изјави Николовски.

— реклама —

При тоа, Николовски посочи дека до крајот на оваа година ќе се избере изведувач за првите две фази за изградба на пругата Куманово – Бељаковци, Бељаковци- Крива Паланка. Според проектната документација, следната во текот на март почнува изградбата. Следната година ќе се објави и тендер за избор на изведувач за третата фаза од Крива Паланка-Деве баир.

— реклама —

„Конечно, после речиси 30 години, железничката пруга за поврзување на Северна Македонија и Бугарија станува реалност. Она што со децении беше само празно ветување, оваа Влада го претвори во конкретни, реални и најважно од сѐ - остварливи цели. 30 години се зборуваше ама ние, од СДСМ успеавме да го придвижиме и процесот за изградба на источниот дел на пругата на Коридорот 8, којшто е од стратешко значење на нашата дражава. Овој регион, североисточниот е вратата кон Европа“, рече Николовски, додавајќи дека се обезбедени 165 милиони евра, готов проект и тендерската постапка за избор на изведувач е во самата завршница. Со децении она за што се зборува, СДСМ за 4 години го реализира,споредете, направете разлика и одлучете,одберете го НАЈДОБРОТО, порача Николовски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања