Промени тема
Контакт

„Земја која го мрази своето име“, странец објави видео од посетата на Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
Screenshot-2022-08-18-190153

Странецот Густав Ростед неодамна ја посети Македонија. Тој на социјалните мрежи сподели видео со наслов „Земја која го мрази своето име“.

„Среќен сум што се вратив по втор пат во оваа земја, но последниот пат кога ја посетив имаше друго име. 90% од луѓето кои живеат тука земјата не ја нарекуваат Северна Македонија како што всушност е новото име. Ова име е навистина незгодно. Има голема политичка дискусија за името кое беше сменето во 2019 година. Она што е интересно е дека промената на името се случи по референдумот кој го бојкотираа речиси 65% од граѓаните, што значи дека само 35% всушност гласаа за промена на името на државата.

— реклама —

На Балканот луѓето никогаш не можат да се договорат за тоа што на кого му припаѓа и што се случило во минатото, а тоа изгледа како дискусија која нема крај“, вели тој.

Густав во своето видео вели дека Македонците се многу пријателски расположени.

— реклама —

„Ова е многу интересна и убава земја за посета. Оваа земја е генерално скриениот скапоцен камен во центарот на Балканскиот Полуостров. Со својата култура, вкусна храна, уникатната флора и фауна и топлото гостопримство од локалното население, навистина треба да размислите да ја посетите оваа потценета дестинација“, додава тој на крајот од видеото.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarynmhf7gt5u93h1A0kIDK

На денешен ден во 1992 година Македонија ги усвои знамето и химната како државни симболи

Македонија | пред 1 седмица

media-librarypd2f7tasasr1eao1CSy

Македонија и Бугарија ја интензивираат соработката за изградба на тунелот на Коридор 8

Македонија | пред 3 седмици

makedonija-evropa-eu-mkd-2

Европскиот парламент денес гласа за Македонија: Ќе биде ли избришан бугарскиот протокол од извештајот?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarypti1dbos44h6dXazp7a

Македонија најевтина во Европа за сместување, Грција меѓу 12-те најскапи во Европа

Патувања | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања