Женско бесживотно тело утрово е извлечено од водите на реката Вардар во близина на МАНУ во Скопје. Неофицијално, станува збор за повозрасна жена.
Очевидци раскажуваат дека жената се симнала по скаличките, се наведнала над водата, но во еден момент се лизнала и паднала. Луѓето кои биле во близина, за жал не успеале да и помогнат и да ја спасат.
На лице место била повикана полиција и екипи на Итната медицинска помош , но лекарите само констатирале смрт.
Увидот е во тек, а се работи на утврдување на идентитетот на починатата жена.