„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Жени групно ќе врескаат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
scream-science-why

Жени групно ќе врескаат денеска во 15 часот кај споменикот на Стефан Немања пред Собранието и Факултетот за ликовни уметности во Белград. Станува збор за уметничка изведба наречена „Брн/аут“, што се преведува како прегорување. Изведбата била осмислена од уметницата Деа Џанковиќ.

– Прегорувањето ни се случува како последица на ритамот на животот кој ни е наметнат и очекувањата кои секој поединец мора да ги исполни за да преживее во општеството. Влијанието на модерната технологијата, и покрај оригиналната концепција како „голем ослободувач на време и поддршка на нашето секојдневие“, иронично нè зароби. Неприродно е она што го очекуваме од нашите тела и умови на секојдневно ниво, без доволно време да процесираме низ што поминуваме – изјавила Џанковиќ.

— реклама —

Таа открила дека поминувала низ ова пред две години и го помни како едно од најстрашните искуства во животот, а оваа година за малку повторно ќе ѝ се случело истото.

— реклама —

– Таа состојба ја гледам секаде околу себе – изјавила таа.

— реклама —

Перформансот се фокусира на овој проблем со кој се соочуваат речиси сите додека минуваат низ настани како пандемија, геополитички проблеми итн.

На прашањето зошто повикот за учество во перформансот е само за жени, таа одговорила дека сакала искрено да укаже на нешто што го заклучила од свое искуство.

– Жените се многу поизложени на стресот отколку мажите. Стресот го предизвикуваат општествените притисоци, психофизичката експлоатација и сите форми на институционално насилство. Од нас секогаш се очекувало повеќе и тие очекувања само се зголемиле соодветно со стапката на стигматизација и осудување од општеството, иако би требало да е спротивно – изјавила таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygond1uijoq9ieSFuQRi

(Видео) Струмичанка направи спектакл на „The Voice“, освојувајќи ја германската публика!

Магазин | пред 6 месеци

Screenshot-2024-09-29-at-14.39.10

Почина познатиот актер, ѕвездата од серијата „Days of our Lives“, Дрејк Хоџштајн

Свет | пред 1 година

john-vardar-vs-galaxy-5

Првиот македонски долгометражен анимиран филм ќе има светска премиера на еден од најголемите фестивали за фантастика во светот

Магазин | пред 1 година

1714293028-tejlor-svift-youtube

(Видео) Почината девојка на која и се исполни желбата да ја запознае Тејлор Свифт: Нејзиниот татко објави потресна порака

Магазин | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања