Жените се се помалку платени од мажите во земјава, низ годините се продлабочува јазот во нивните плати. Во просек за околу 20 проценти жените се помалку платени во однос на мажите. Наместо со развојот на еконоимијата да бележиме намалување на овој огромен јаз, ние како земја нотираме продлабочување, и тоа го покажуваат и статистичките податоци, беше потенцирано на денешната дебата на Центарот за истражување и креирање политики.
Родовиот јаз е само еден елемент на пошироката тема за неповолната положба на жените на пазарот на трудот, велат експертите.
Истражувањето покажува дека жените главно се вработуваат на пониско платени работни места. Од секторите најмногу се присутни во образованието, здравството и во текстилната иддустрија. Во јавната администрација пак работата повеќе мажи.
Во регионот Словенија има најмал јаз во платите на мажите и жените. Но аналзите покажале дека и во многу поразвиените земји разлика меѓу нивните примања постои.