Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Жестока реакција за казните под минимумот за трговијата и силувањето на дете: Испратена е порака дека делото не е сериозно!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
dete-siluvanje

Здружението Отворена порта/ Ла Страда изразува загриженост за исходот од првостепената постапка во предметот во кој жртва беше дете кое беше злоупотребено и тргувано заради сексуална експлоатација од страна на полнолетни мажи. Здружението укажува дека трговијата со деца е сериозно кривично дело.

„Пристапот до правда на жртвите на трговија со деца и сексуално насилство подразбира не само пронаоѓање и казнување на сторителите, туку и изрекување соодветна санкција која ќе има одвраќачко дејство за повторување на делото од страна на обвинетите, но, и за останатите во општеството. Изречените санкции испраќаат порака до обвинетите, но до останатите трговци дека нивното однесување не е доволно сериозно за да се изрече казна барем во рамки на законскиот минимум.

— реклама —

Особено сме загрижени што судот отстапи од досегашната пракса на доделување на правичен надоместок на жртвите на трговија со луѓе во кривичната постапка. Имено, пристапот до правда на жртвите на трговија со дете подразбира и доделување на правичен надоместок како компензација за претрпениот страв, болка и душевно страдање на детето жртва.

— реклама —

Судот, со вчерашната одлука пропушти соодветно да го примени Законот за правда на децата, според кој, овие постапки се итни и судот има обврска да постапува на начин што нема да ја одолговлекува постапката и да го изложува детето жртва на дополнителна виктимизација. Упатувањето на жртвата да води постапка пред граѓански суд за остварување на правото на надомест на штета дополнително ќе ја виктимизира и ќе го спречи нејзиното закрепнување како жртва на трговија со дете и силување.

И на крај трговијата со деца претставува еден од најзагрижувачките проблеми. Во периодот од 20 години, најголем дел од идентификуваните жртви се деца, кои сочинуваат 70% од случаите. Повеќето од овие деца се на возраст од 9 до 17 години и доаѓаат од ранливи категории. Жените и девојчињата доминираат меѓу жртвите, со висока застапеност на случаи на двојна експлоатација – сексуална и трудова. Просечната возраст на децата-жртви изнесува околу 15 години, што го прави овој феномен уште по загрижувачки. Отворена порта нагласува дека ваквите податоци ја потенцираат итната потреба трговијата со деца да се спречи, а на децата жртви мора да им се обезбеди заштита и пристап до правда“, стои во нивната реакција.

— реклама —

ПРЕСУДАТА:

— реклама —

stef-dimovski-velesani-1

(Видео) Велешаните за трговија со дете и силување добија вкупно 31 година затвор: Слушавме алиби на обвинетите како никогаш претходно

Групата велешани кои сексуално злоупотребувале малолетничка, се осудени на затворски казни, освен еден обвинет кој доби условна осуда. Пет лица се осудени за „трговија со дете“, шест се осудени за кривично дело „силување“, а едно лице за „Прикажување на порнографски материјал на дете“. Вкупно 13 обвинети седнаа на обвинителна клупа, само еден обвинет призна вина. Пред почетокот на објавувањето на пресудата, обвинетите се бунтуваа против снимањето на медиумите и бараа да излезат надвор. Судечкиот

Македонија | пред 1 година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 8 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 8 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања