Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Зголемени се казните за осудените лица од Велес за силување малолетничка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 часа -

Македонија
stef-dimovski-velesani-1

Апелациониот суд донесе одлука за зголемување на затворските казни на сите 13 осудени лица од Велес за сексуално злоставување на девојче под 14 години. Првичната пресуда беше донесена од Кривичниот суд во ноември 2024 година.

— реклама —

На првообвинетиот Стефан Димовски казната затвор од 5 и пол години му се зголемува на 8 и пол години.  Второобвинетиот Дејан Спасиќ кој првично беше осуден на четири години затвор сега доби казна од шест и пол години. Повисоки казни има и кај трето и четврто обвинетите од четири на осум и пол години односно на седум и пол години затвор. Кај останатите осудени казните се движат од 1 до 6 години.

— реклама —

Првообвинетиот Стефан Димовски е во бегство и веќе една недела не е достапен за полицијата. Димовски беше во куќен притвор со претходно понудена гаранција во имот од 70.000 евра (одобрена од Апелација во декември 2023 година). Поради неговата недопстапност, Кривичниот суд му ја замени мерката куќен притвор со ефективен притвор.

— реклама —

На четвртообвинетиот исто така му е одреден ефективен притвор откако бил затечен надвор од својот дом, со што ја прекршил мерката куќен притвор.

Случајот предизвика силни реакции во јавноста поради првично ниските казни и одлуката на судот да дозволи гаранција за првообвинетиот на самиот почеток на процесот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

dete-siluvanje

Жестока реакција за казните под минимумот за трговијата и силувањето на дете: Испратена е порака дека делото не е сериозно!

Македонија | пред 1 година

stef-dimovski-velesani-1

(Видео) Велешаните за трговија со дете и силување добија вкупно 31 година затвор: Слушавме алиби на обвинетите како никогаш претходно

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања