Зинедин Зидан го направи изборот за тоа кои фудбалери ќе ја преземаат капитенската лента на Франција доколку Килијан Мбапе не биде во составот.
Новиот селектор на француската репрезентација уште при објавувањето на списокот потврди дека Мбапе ќе остане капитен, но не откри кој ќе биде неговата замена. Според француските медиуми, Зидан се одлучил за тројца од најискусните репрезентативци.
Во изборот се Усман Дембеле, кој има 67 настапи за Франција, Адриен Рабио со 66 и Жул Кунде со 56 репрезентативни натпревари.
Овој принцип ќе важи и во иднина, па доколку Мбапе отсуствува, капитенската лента ќе му биде доверена на најискусниот од тројцата, кој ќе биде дел од конкретниот состав.
Франција денеска ќе отпатува за Истанбул, а утре ќе го одигра натпреварот против Турција во Коџаели. Средбата ќе биде прва за Зидан откако ја презеде селекторската функција.