Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Зидан: „Имав голема среќа што му бев тренер на Роналдо“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Спорт
media-librarygq4ic2r1m5dq4clUIcH

Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Зинедин Зидан, со пофалби зборуваше за Кристијано Роналдо и неговата кариера, потсетувајќи се и на периодот кога му беше тренер во Реал Мадрид.

Зидан истакна дека имал среќа да работи со португалскиот напаѓач, кој, како што вели, му помогнал да освои голем број трофеи.

— реклама —

„Треба да му се оддаде признание за неговата неверојатна кариера. Имав среќа да му бидам тренер. Ми помогна да освојам многу трофеи. Секоја чест, Кристијано! Отсекогаш сум имал голема почит кон луѓето со кои сум соработувал“, изјави Зидан на прес-конференцијата пред натпреварот со Белгија во Лигата на нациите.

— реклама —

Францускиот селектор зборуваше и за играта на Пари Сен Жермен, нагласувајќи дека му се допаѓа начинот на кој тимот сака да ја контролира топката.

„Навистина ми се допаѓа, бидејќи тој тим сака да игра со топката, наместо да трча по неа. И јас бев организатор на играта и не сакав да трчам по топката“, додаде Зидан.

— реклама —

Франција утре од 20:45 часот во Сен Дени ќе ја пречека Белгија во четвртото коло од групата А1 во Лигата на нациите.

Француската репрезентација е лидер во групата со седум бодови, додека Белгија е на второто место со шест. Зидан најави дека ќе има промени во составот, но дека тие ќе бидат внимателно направени.

„Секогаш сакаме победа, бидејќи сме натпреварувачки настроени – тоа е на прво место. Но, важно е добро да се подготвиме за натпреварот за да го спроведеме на теренот она што го сакаме. Тоа е она што ми е важно. Ќе има промени во тимот, тоа е сигурно. Ова ни е четврти натпревар, па не смееме да носиме избрзани одлуки. Ќе направиме паметни промени, кои ќе ни овозможат да останеме конкурентни“, истакна Зидан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

563795_epa-roberto-bregani-kristijano-ronaldo-epa_ls

Кристијано Роналдо стана единствениот фудбалер со богатство над две милијарди долари

Спорт | пред 5 дена

— реклама —
ronaldo-960x638-1

Кристијано Роналдо казнет со 30 дена суспензија поради напуштање на репрезентацијата

Спорт | пред 1 седмица

ronaldo-960x638-1

Селекторот не го внел во игра,па се почувствувал навреден и го напуштил кампот: Каква казна го очекува Кристијано Роналдо?

Спорт | пред 2 седмици

ronaldo-960x638-1

Роналдо повторно во репрезентацијата на Португалија

Спорт | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања