Промени тема
Контакт

Зимата покажува заби: минусни утра, ветер и променливо време

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
skopje-sneg-2022-2

Во наредните денови Македонија ќе биде под влијание на изразен зимски бран, со студено и променливо облачно време, повремени локални врнежи од снег и засилен северен ветер. Денеска времето е студено и променливо облачно, со појава на локални снежни врнежи кои во текот на попладнето постепено ќе престануваат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во делови од земјата повремено засилен северен ветер, со налети над 60 километри на час. Во Скопје времето ќе биде студено и променливо облачно, со умерен до засилен северен ветер и температура околу 2 степени.

— реклама —

Утре следува уште постудено утро, со изразени минусни температури, особено во западните, северните и планинските предели, каде минималните вредности ќе се спуштат и под минус 10 степени. Во текот на денот ќе има променлива облачност со сончеви периоди, а ветерот ќе биде слаб до умерен, повремено засилен од северен правец, најизразен во источните делови и долж Повардарието.

— реклама —

Од вторник започнува стабилизација на времето. Ќе преовладува променливо облачно време со почести сончеви периоди и без врнежи. Утрините и понатаму ќе бидат многу студени, со минимални температури од минус 14 до минус 6 степени, додека дневните ќе се движат од минус 1 до околу 7 степени.

— реклама —

Во среда и четврток ќе продолжи постепено затоплување. Минималните температури ќе растат, а дневните ќе достигнуваат од 2 до 9 степени во среда и од 3 до 10 степени во четврток. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

— реклама —

Граѓаните се повикуваат на зголемена внимателност, особено во утринските часови поради појава на мраз и голомразица, како и на прилагодување на движењето и сообраќајот на зимските услови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Од -4 утрово до 28 степени преку ден: Голема температурна разлика низ Македонија

Свет | пред 13 часа

— реклама —
media-library3ris6de2hrpl08pK26C

Голем пресврт на времето: Арктички студ стигнува на Балканот

Балкан | пред 1 седмица

media-library4uqdirj780pd7xIn8At

Посвежо време до среда, а потоа температурите повторно растат до 34 степени

Македонија | пред 3 седмици

soncevo

До 30 степени, но посвежо – засилен северозападен ветер низ Повардарието

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања