ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Жителите на Дебар Маало бараат дислоцирање на „Самрленд“ оти им пречи бучавата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
66256036_671539849975954_3215926891106009088_n

Жителите на Дебар Маало бараат дислокација на летниот фестивал „Самрлед“, кој се одржува во Градскиот парк на Школка. Тие веќе се организираат и потпишуваат петиција што ќе ја достават до надлежните во Град Скопје, кои се и организатори на фестивалот.

— реклама —

„Повеќето од луѓето што живеат тука работат помеѓу 8 и 17 часот. Значи, цел јули од работа директно на журка додека си легнеме. Ние можеби сме и помал проблем. Што е со бебињата, што е со старите и изнемоштени лица, што е со луѓето што сакаат да си прошетаат во мирна природа? Дебармаалци и жителите во парк немаат право на одмор и тишина, затоа што некој така одлучил. Со целокупната претходна ситуација, бевме навикнати. Научивме која од кафеаните или кафулињата во кој ден се погласни или, пак, во деновите кога има забавен настан во парк и сето тоа се „прегризува“ затоа што знаеме дека утре ќе заврши. Ама сега со ‘Самрленд’ осудени сме да бидеме жртви на звучно загадување секој ден. Ова е многу сериозно и дебармаалци треба секојдневно да го поднесуваат. Бараме да се врати барем малку од малку мирот во Дебар Маало и ‘Самрленд’ да биде дислоциран“, се вели во барањето на жителите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања