Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека денеска (23 јуни) поради изведување водоводен приклучок со пречник Ф-80 милиметри на улицата „Владимир Назор“ бр.14, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од жителите на Општина Центар.
Без вода ќе останат корисниците од улицата „Владимир Назор“ и дел од улицата „Кумровец“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот и ќе трае до завршување на работните активности.