Промени тема
Контакт

Живковиќ до опозицијата: Зошто сте против 92% од вработените во недела да одмараат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
rabotnik-600x404
Илустрација

Отворено ги прашуваме пратениците од опозициските ВМРО-ДПМНЕ Алијанса за Албанците и Левица: што имате против работничките и работниците да го добијат недела како неработен ден? Зошто сте против 92 проценти од вработените во недела да одмараат, а преостанатите 8 проценти кои ќе работат да добиваат до 100 отсто зголемена дневница? Всушност, знаеме зошто пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Алијанса и Левица ги блокираат измените во Законот за работните односи: тоа го прават за нашето општество да не добие позадоволни и попродуктивни работници и работнички на пазарот на труд а од тоа бенефит да имаат сите, вели Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.

„Ваквите измени на Законот, нормално, не им одговараа да се случат пред локалните избори.

Од истите причини ги блокираат и законските измени со кои 4.700 наставници и стручни соработници во основното и средното образование ќе добијат решение за трајно вработување со што ќе стенат правна и економска сигурност.

Од истите причини го блокираат и предлог Законот за отпис на камати на долгови, со што на над 150.000 граѓани ќе им се помогне да го решат проблемот со задоцнетото плаќање на долговите кон јавните и државни претпријатија.

Од истите причини пратениците од опозицијата најверојатно ќе се обидат да го блокираат и веќе најавеното зголемување на минималната плата на 18.000 денари планирано за јануари 2022 година.

Долго време го блокираа и субвенционирањето на платите од 14.500 денари со пакетите антикризни мерки и не ни помислија како преживуваат работниците и работничките тие неколку месеци колку што им траеше блокадата!

— реклама —

Пратеници од опозицијата,

вам воопшто не ви е грижа за работниците и нивните права, вие сте желни за гола власт, што впрочем и го покажавте пред целата јавност, со вашето однесување изминатите денови.

— реклама —

Локалните избори завршија, не успеавте да обезбедите кворум за гласање недоверба на Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, а нашето парламентарно мнозинство е во процес на зголемување!

Затоа, престанете со евтините политички трикови, тргнете ги блокадите што континуирано ги поставувате - тоа деновиве ви го порачаа и синдикатите кои децидно побараа да се усвојат законите кои се во интерес на работниците и работничките.

Почитувани работнички и работници,

— реклама —

Ве уверуваме дека зголеменото и стабилно парламентарно мнозинство повторно ќе ги порази блокадите и опструкциите на опозицијата, а Владата предводена од СДСМ, како и досега ќе продолжи да работи во интерес на сите граѓани и граѓанки, ќе обезбеди повисока минимална плата а недела ќе биде неработен ден“, вели Живковиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања