„Животите ги ризикувавме за Плачковица“ – апел на заменик-директорот на „Национални шуми“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 дена -

Македонија
media-libraryieg4pv38en095ogzW0w

Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Национални шуми, Кире Михаилов, со јавно обраќање до граѓаните на Радовиш реагираше на, како што вели, недостигот од поддршка по преземените институционални мерки против бесправната сеча и пустошењето на планината Плачковица.

— реклама —

Михаилов потсети дека во изминатиот период јавноста била силно вознемирена од уништувањето на шумите, од опасното движење на лица со неисправни возила без регистарски таблички, како и од кражбите по викендиците на Плачковица. Според него, токму тие појави биле причина за силен притисок врз институциите да реагираат, па дури и за најави за протести пред Општина Радовиш.

„Ако сето тоа навистина ви пречеше, зошто сега не застанете во одбрана на она што го сработивме? Зошто молчите додека по социјалните мрежи се бранат ‘сиромашните дрвари’, а се премолчува огромната штета што ја прават на целата планина и на Радовиш“, прашува Михаилов.

— реклама —

Тој упати апел до граѓаните јавно да им објаснат на оние кои, како што наведува, ниту ја познаваат Плачковица, ниту ја разбираат штетата од бесправната сеча, што всушност се случува на терен. Воедно, тој изрази разочараност што по акцијата спроведена од надлежните институции не следела очекуваната поддршка од истите тие граѓани кои претходно барале итни мерки.

Михаилов нагласи дека во акцијата биле ризикувани човечки животи, справувајќи се, како што рече, со организирани групи кои со години правеле сериозни штети врз шумскиот фонд. Според него, тие активности не биле преземени за личен интерес, туку за заштита на граѓаните, нивните деца и природното богатство на регионот.

„Ако ова не ви значи и ако не го браните она што го правиме, тогаш се поставува прашањето зошто било кој да се ангажира со проблемите во ‘вашиот’ двор“, порача Михаилов, повикувајќи ги радовишани, планинарите, еколошките активисти и медиумите јавно да се изјаснат.

Во обраќањето, тој посочи и на улогата на медиумите, апелирајќи овојпат да се пренесе целосната слика и сите реакции од јавноста, а не селективни коментари кои, според него, создаваат искривена перцепција за преземените институционални чекори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања