Промени тема
Контакт

ЗК Пелагонија отвора Агро Еко Центар за обука во зелени и дигитални вештини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-library2n1lie04fibb1k5sddE
ФБ

ЗК Пелагонија го најави отворањето на „Агро Еко Центар за Обука за Зелени Вештини“, место каде земјоделците, учениците и студентите ќе стекнуваат практични знаења за современи, дигитални и одржливи земјоделски практики. Во рамки на центарот, на 2 декември ќе биде пуштена првата „АгроЕкоСтаница за зелени вештини“, развиена во соработка со Стопанската комора. Преку оваа иницијатива, Пелагонија се позиционира како регион кој активно ги применува европските модернизациски стандарди во земјоделството.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

Центарот за обука на ЗК Пелагонија ќе отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и да развиваат одржливи и иновативни земјоделски практики – создавајќи професионалци со зелени вештини подготвени за иновативно и одговорно управување со ресурсите.

Првиот проект на „Агро Еко Центар за Обука за Зелени Вештини“ е реализиран во соработка со Стопанска комора на Северна Македонија Economic Chamber of North Macedonia, кадешто на 02 декември 2025 година ќе биде отворена првата „АгроЕкоСтаница за зелени вештини“ – технолошка иновација која претставува важен чекор кон воведување на паметни решенија во земјоделството и можност за континуирана практична обука за идните „Еколошки агротехничари“.

АгроЕкоСтаница за зелени вештини ќе претставува современа платформа во склоп на центарот за обука што ќе овозможи развивање на компетенции за еколошко и рационално управување со земјоделските ресурси преку практична работа со современи дигитални алатки:

  • Следење и анализа на состојбата на почвата, растенијата и климатските услови според податоците од сензорите на АгроЕкоСтаницата.

  • Пристап до податоци во реално време и примена на еколошки мерки за заштита на културите и обновување на биолошкиот диверзитет кој ќе доведе до контролирана употреба на заштитни средства, минерални ѓубрива и рационално користење на вода за наводнување.

  • Препознавање и превенција на ризици како суша, болести и штетници преку дигитални предупредувања.

  • Поддршка за одржливи и ефикасни земјоделски практики.

Основната цел на ЗК Пелагонија е да ја доближи најсовремената технологија до локалните земјоделци, ученици, студенти и сите заинтересирани, градејќи заедница која се развива преку знаење, иновации и практична примена.

Со оваа иницијатива, Пелагонија продолжува да се позиционира како регион што го следи европскиот пат на модернизација и дигитализација во земјоделството.

Полињата на ЗК Пелагонија стануваат отворена книга – реален простор каде идните агротехничари, студенти и земјоделци ќе учат, иновираат и применуваат зелени вештини во реални услови – пример за одржливо и модерно земјоделство, се вели во објавата на ФБ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4pt4lla3dkfb7K34bYC

Герасимовски: Вложуваме во дигитална инклузија, создаваме еднакви можности за секое дете

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-library4g47phhmvc814GOsJLP

Отстранета нелегалната конструкција на улицата „Даме Груев“ во Центар, пешачката патека повторно слободна

Скопје | пред 2 седмици

media-library9ehq6dv6chq14kKAUeM

Втора вонредна дератизација за два месеца во Центар

Скопје | пред 2 седмици

media-library58d2ov06qa8j8blHX9B

Интензивни контроли на инспециските служби во Центар, 6 градилишта казнети со по 1.300 евра

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања