Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Злато, сребро и кало-растур: Обвинителството бара притвор за даночно затајување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
DSC_0289

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против две лица осомничени за долгогодишно даночно затајување, со кое, според сомнежите, е оштетен државниот буџет за 64.924.298 денари, односно за повеќе од еден милион евра.

Како што соопшти Обвинителството, истрагата се однесува на кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 став 3 во врска со став 1 и член 45 од Кривичниот законик, извршувано во период од почетокот на 2020 до крајот на 2024 година.

— реклама —

Осомничените, во својство на сопственици и управители на правно лице од Скопје, со умисла избегнувале целосно плаќање на персонален данок на доход од 11,11 отсто и данок на додадена вредност од 18 отсто, на кои биле законски обврзани. Тие давале лажни податоци или воопшто не пријавувале релевантни факти што имале влијание врз утврдувањето на даночните обврски, поради што истите не биле утврдени.

Според наводите во истражната постапка, затајувањето било вршено преку непријавување на приходи од трговија со златен накит, златни прачки, необработено сребро, како и од необработен кало-растур.

— реклама —

Поради ризик од бегство, можност за продолжување на кривичното дело и опасност од влијание врз сведоци, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. При тоа била земена предвид и тежината на делото, како и фактот дека станува збор за незаконски стекната корист од големи размери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrrt0tv5svj655mVuorG

Освен филерите, имало и препарати за славеење: постапка против три лица за криумчарење – меѓу нив и сопственичка на салон

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-library9ir48mipd1e645jzUSp

Фатен педофил вработен во училиште во Гостивар: намамил, ја уценувал и објавил експлицитни материјали од 14-годишно девојче

Македонија | пред 1 месец

krazba

Со тесла упаднал во маркет, украл 52.900 денари, па се обидел повторно: уапсен косовски државјанин

Македонија | пред 1 месец

media-library74m17ss756e5aP4YzoF

Татко и двајца синови осомничени за брутален напад на гробишта во Бутел

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања