Злоупотребен туристички престој, четири странски државјанки забавувале гости во бар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
tancerki

Четири странски државјанки утрово се приведени во полициска станица под сомнение дека нелегално работеле во угостителски објект во близина на Гостивар.

— реклама —

Според СВР Тетово, полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар спроведеле акциска контрола утрово околу 1:30 часот во угостителски објект лоциран покрај автопатот Гостивар-Тетово.

Во локалот сопственост на Р.Б. (46) од Гостивар биле затекнати четири странски државјанки, од кои три од Република Албанија и една од Република Косово.

— реклама —

По извршената контрола биле лишени од слобода поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта.

Тие се задржани во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања