„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ЗНМ: Непримерни се коментарите на Премиерот Заев за документарецот на ИРЛ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
znm

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на изјавите на Премиерот Зоран Заев од последното интервју објавено во неделникот „Фокус“, во кои изнесува одредени критики за новинарското истражување на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) за " target="_blank" rel="noopener">првата епизода од нивниот документарниот серијал „Редакција“ во која обработуваат теми за квалитетот на мазутот кој се употребува во земјава и неговата поврзаност со загадувањето на воздухот.

— реклама —

Премиерот Заев, како одговор на прашање во интервјуто, вели дека во документарецот не биле застапени двете страни од приказната, а потоа додава и дека се сомнева во леснотијата на кажаното без аргументација.

„Ваквиот јавен став и коментар од страна на Претседателот на Владата и Претседател на партијата на власт, поврзан со истражувачката работа на новинарите може да поттикне сомнеж во кредибилноста на работата на нашите колеги, а со тоа и да се влијае на ограничување на слободата на изразувањето. Од премиерот Заев се очекува да ги охрабри истражувачките новинари во нивните напори да откриваат евентуална злоупотреба на институциите како механизам за спречување на корупцијата, а потоа да реагираат и органите на прогонот“, реагираат од ЗНМ.

— реклама —

„Вакви ставови за работата на новинарите од страна на високи владини и партиски претставници може да создадат ,,ефект на ладење”, а со тоа да се одвратат новинарите да работат на теми поврзани со корупција и злоупотреба на власт. Дали некој новинарски продукт е етичен или не треба да одлучуваат саморегулативните тела. Доколку засегнатите страни на кои се однесува конкретната истражувачка сторија, имаат забелешки околу применетите етички стандарди, потсетуваме дека постојат функционални механизми на медиумска саморегулација каде секој граѓанин може да поднесе претставка“, додаваат од Здружението на новинарите на Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања