„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

ЗНМ: Осуда за односот на Даштевски кон новинарите, а МВР да постапи по поплаките од страна на онлајн медиумите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
dashtevski123

Од Здружението на новинари на Македонија преку соопштение праќаат осуда до претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.

„На денешната попладневна конференција за медиумите организирана од Државната изборна комисија, Претседателот на ДИК Александар Даштевски имаше непрофесионален и омаловажувачки однос кон дел од новинарите во делот кога се обидуваше да одговара на новинарските прашања.

— реклама —

На новинарско прашање од страна на новинарка во врска со најавата за продолжување на рокот за гласање после 19 часот како и за најавата за продолжување на медиумскиот молк тој наместо да одговори конкретно имаше вербална расправа со колешката. Имено Даштевски пропушти да даде конкретен одговор и истовремено се интересираше колешката од која телевизија е по што и се обрати со зборовите: „треба да се информирате добро пред да поставите некое прашање“ како и тоа дека новинарката треба да го чита законот пред да прашува.

— реклама —

Го потсетуваме Претседателот Даштевски дека според Изборниот законик, член 31, ДИК има обврска да ја информира и едуцира јавноста за начинот на гласање и за остварување на избирачкото право; Од друга страна, новинарот има право да изрази мислење и да постави прашање без разлика од кој медиум доаѓа и дали истото прашање му се допаѓа на Претседателот на ДИК или не.

— реклама —

Оттука, потсетуваме дека новинарите и медиумите играат клучна улога во процесот на изборите, не само да направат увид на работата на надлежните институции, туку и да им овозможат на граѓаните да ги имаат сите потребни информации. За да биде задоволено правото за информирање, посебно на денот на изборите, нужно е Државната изборна комисија и сите останати институции да се отворени кон новинарите преку навремено и целосно давање на информации на неселективен начин.

Освен ова, во текот на денот до ЗНМ пристигнаа неколку поплаки од страна на онлајн медиуми и тоа за попречување на нивната работа од страна на симпатизери на политички партии како и за несоодветен однос на припадници на МВР во Скопје но и во неколку други градови. Со цел да не се остави впечаток во јавноста дека органите за прогон ги игнорираат овие случки бараме нивно итно расчистување од страна на полицијата и брзо информирање на јавноста“, се наведува во соопштението на ЗНМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања