Десетици демонстранти загрижени поради високите даноци и трошоците за живот, предизвикаа хаос во сообраќајот во главниот град на Белгија, каде што исто така се зајакнува т.н. движење „Жолти елеци“.
Движењето „Жолти елеци“ во изминативе две недели стана доста актуелно во медиумите откако властите на Франција решија да ги зголемат цените на бензините.
Демонстрантите, облечени во жолти елеци, токму како што се нарекува и движењето, ги блокираа градските улици, но на некои возила повремено им дозволуваа да поминат.
Како што јавија белгиските медиуми, до инцидентот дошло кога дел од учесниците на протестот почнале да фрлаат со камења и петарди кон полицајците, што го обебзедуваале собирот. На агресивното однесување на дел од демонстрантите, полицијата одговорила со водени топови и солзавец.
Претсавник на брислеската полицијата соопшти дека белгискиот премиер Шарл Мишел најавил дека е подготвен да разговара со претставници на демонстрантите, но подоцна Владата го негираше тоа.
Покрај во Брисел, протест на „жолтите елеци“ се одржа и во близина на Шарлоа, кој се наоѓа 60 километри јужно од белгискиот главен град.