„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

„Жолтите елеци“ се судрија со полицијата - хаос во Париз...

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
Pariz-1

Хаос во Париз. Жолтите елеци се судрија со полицијата. Полицијата употребува солзавец 211 биле уапсени до сега, затоа што биле наоружани со чекани и шипки, па дури и оружје и молотови коктели.

— реклама —

Неколку илјади жолти елеци се наоѓаат на Шанзелизе, каде полицијата постави барикади и оклопни возила и испука огромен квантитет на солзавец. Слоганите се истите како и претходните три викенди на протести, тој најгласниот е „Оставка за Макрон“.

— реклама —

Француските полициски сили целосно го блокираа парискиот плоштад Конкорд, кој директо е наспроти Елисејските полјани, а се наоѓа неколку стотина метри од претседателската палата. Со тоа полицијата им оневозможи на „Жолтите елеци“ да им се придружат на демонстрантите на Елисејските полјани. Претставници на ова неформално протестно движење изразија во саботата разочарување поради обемното ангажирање на полициски сили од 89.000 припадници, оклопни возила, специјални единици, водени топови и користење солавец, и сметаат дека тие се „претарани… и ги оневоможуваат да протестираат“.

Парискиот весник Le Figaro додава и дека полицијата во Гренобл го уапсила еден од лидерите на „Жолтите елеци“, Жилиен Терје, бидејќи наводно организирал неодобрени протести во овој град.

V2E-jOUVsd4

Истовремено во Брисел полицијата ја блокираше целата зона во којашто се наоѓаат европските институции, забранувајќи ги приодот во оваа зона за пешаците и за возила. Белгискиот дневен весник Le Soir пренесува дека атмосферата во главниот град е тензична, но оти нема насилства.

Стотиции белгиски полицајци се ангажирани, во Брисел, каде што минатата седмица „Жолтите елеци“ се судрија со полицијата и запалија две полициски возила, а во саботата се уапсени 70 лица.

Протести денеска има во Холандија, иако ниту Белгија ниту Холандија не предложија зголемување на наметите за горивата, што беше катализаторот за масовните и насилни протести во Франција последните седмици.

pV33Iuu1oSY

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања