Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

ДУИ за првпат на Претрес: Блерим Беџети за судството, гревовите, Ахмети, Груби, следните избори, УЧК

Зошто сопирачките 'рѓосуваат кога автомобилот долго стои? Еве што треба да направите пред првото возење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Магазин
media-library71ch26hlhjrkd0wqYfu
Photo by Benjamin Brunner on Unsplash

Ако автомобилот подолго време стои во место, 'рѓата на сопирачките може привремено да ја намали нивната ефикасност, особено доколку возилото е паркирано во влажна средина.

Дисковите и барабаните на сопирачките се изработени од челична легура со минимална антикорозивна заштита, па по само неколку часа во влажни услови на нивната површина може да се појави тенок слој 'рѓа. Колку подолго автомобилот стои, толку поизразен може да биде проблемот, особено ако е паркиран на влажна подлога што бавно се суши.

— реклама —

Ако автомобилот не бил возен неколку дена или недели, пред тргнување неколкупати нежно притиснете и отпуштете ја педалата за сопирачките. По тргнувањето, продолжете со неколку лесни сопирања, но само кога тоа е безбедно и без да ги загрозите другите учесници во сообраќајот.

На овој начин површинскиот слој 'рѓа постепено се отстранува од дисковите, со што се намалува можноста сопирачките привремено да имаат послаба ефикасност.

— реклама —

Внимание треба да се обрне и на звуците при сопирање. Доколку шкрипењето или свиркањето продолжи и по неколку лесни сопирања, се препорачува системот да го провери стручен сервис.

— реклама —

Ако знаете дека автомобилот ќе стои подолго време, корисно е пред паркирањето, додека возите по сува подлога, неколкупати нежно да сопирате. Со тоа може да се отстранат нечистотиите од површините за сопирање и да се намали можноста за појава на корозија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B

Volkswagen повлекува 208.724 возила поради сериозен проблем со управувањето

Магазин | пред 3 дена

— реклама —
media-librarykeg5tlm32u967UyNidx

Opel ја претстави новата Astra GSE Line со бензински, хибриден и електричен погон

Магазин | пред 4 дена

media-libraryua7icmq88ja02kBGO2y

Дачија откри: Ова е копчето што возачите најмногу го користат

Технологија | пред 4 дена

media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B

„Фолксваген“ постави три светски рекорди со електричен автомобил кој троши само 6,48 kWh на 100 км

Магазин | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања