Промени тема
Контакт

Зошто „Фолксваген“ има 60 отсто повеќе вработени од „Тојота“, а произведува помалку?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Магазин
media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B
Photo by Erik Mclean on Unsplash

„Фолксваген“ би можел да укине до 140.000 работни места во рамките на големиот план за реструктурирање, со кој германскиот автомобилски гигант сака да ги намали трошоците и да ја зголеми ефикасноста.

— реклама —

Според достапните податоци, групацијата „Фолксваген“ има околу 629.000 вработени ширум светот, додека „Тојота“ вработува околу 391.000 луѓе. И покрај тоа што има речиси 240.000 вработени помалку, јапонскиот производител во првата половина од годината испорачал 5,39 милиони возила, наспроти 4,13 милиони на „Фолксваген“.

— реклама —

Како што наведува „Дојче веле“, споредбата не е целосно директна, бидејќи „Фолксваген“ и натаму голем дел од производството, развојот и инженерингот ги извршува во рамките на сопствениот систем. Иако овој модел долго време претставувал предност, денес создава високи оперативни трошоци.

Покрај „Фолксваген“, и други германски производители ги приспособуваат своите стратегии на променетите услови на пазарот. „БМВ“ планира да намали околу 8.000 работни места, додека „Порше“ најави укинување на дополнителни 5.000 работни места во Германија до 2035 година.

— реклама —

„Мерцедес-Бенц“, пак, покрај доброволното намалување на бројот на вработени, дел од производството на своите најпродавани модели го префрла во Унгарија, каде што трошоците за работна сила се значително пониски.

Автомобилската индустрија во последните години се соочува со засилена конкуренција од кинеските производители, послаба побарувачка за електрични возила, повисоки цени на енергијата, американски царини и геополитички неизвесности.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library765sj7etnlel6cVnUKr

Renault го оживува легендарниот 8 Gordini како електричен спортски автомобил

Магазин | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B

Volkswagen повлекува 208.724 возила поради сериозен проблем со управувањето

Магазин | пред 3 седмици

media-librarykeg5tlm32u967UyNidx

Opel ја претстави новата Astra GSE Line со бензински, хибриден и електричен погон

Магазин | пред 3 седмици

media-libraryua7icmq88ja02kBGO2y

Дачија откри: Ова е копчето што возачите најмногу го користат

Технологија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања