Зошто Ѓорчев од 13 години пратеник, сака да биде претседател?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Тој е пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 година. Кратко време лани, по доаѓањето на Христијан Мицкоски на чело на партијата, беше координатор на пратеничката група. За време на владеењето на Никола Груевски со ВМРО-ДПМНЕ и со државата, главно беше носител на избирачките листи, но никогаш не беше поставен на некоја раководна функција. Јавноста го запозна за време на средношколските протести во 1997 година кога беше еден од најактивните демостранти. Беше еден од ретките пратеници од власта што реагираа за време на случувањата на 27 април 2017 година, кога им спасуваше глава на тогашните опозиционери, поради што добиваше јавни благодарници од актуелната власт, како и од странските дипломати.

— реклама —

Тоа што се зборуваше уште од почетокот на годината вчера доби официјална потврда. Пратеникот Влатко Ѓорчев соопшти дека ќе се кандидира на партискиот оглас за претседател на државата. Невообичаено, објавата ја направи од прес-салата во Собранието, а не во седиштето на партијата или на некое друго место.

„Има моменти во животот кога човек треба да го искористи целото свое знаење, искуство, сите свои постапки и сè што направил во животот - во функција на државата и народот. Не смееме да си дозволиме уште неколку години како овие две. Македонија назадува, не е добро. Од тие причини објавувам дека се кандидирам за претседател. Поседувам искуство, мотивација, знаење, чесност, лојалност, ја знам цела држава по должина и попреку, сум бил насекаде, а во следните три месеци ќе одам во секое село, град и место за да ја добијам поддршката и да го разбиеме скептицизмот“, рече Ѓорчев.

— реклама —

По 13-минутната презентација во Собранието, Ѓорчев замина и ги остави без одговор прашањата дали има поддршка и од партијата.

Во ВМРО ДПМНЕ велат дека очекуваат уште кандидатури. Огласот е отворен до крајот на јануари. На 16 февруари во Струмица ќе имаат конвенција на која ќе биде избран кандидатот што ќе влезе во претседателската трка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања