Зошто Ковачевски смени дел од министрите, а дел остави

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2022-01-11-at-12.41.11

Димитар Ковачевски, мандатар за составување на нова Влада смета дека министрите кои останаа од времето на премиерот во заминување Зоран Заев, покажале резултати и затоа не ги менува.

— реклама —

„Тоа е врз основа на направена анализа се гледа зголемување на перформансите во министерствата каде управувале, ги имаат подигнато стандардите, ги имаат остварено капиталните инвестиции“, кажа Ковачевски.

— реклама —

За ротациите на министри, меѓу кои е министерот Бојан Маричиќ кој од Министерството за правда оди во секторот за евроинтеграции, Ковачвески вели дека тоа е поради тоа што немале добри перформанси, но тој е задоволен од нив

— реклама —

„Јас кажав дека ќе се водам од принципите за исполнување на обврските, капацитетот на личностите, перформансите кои ги имале во изминатиот период, затоа предлогот беше таков, да имаме нови министри, да имаме ротации на министри. Дел од нив се покажале ефикасни и ефективни кога го извршувале тој ресор во изминатите влади, второ кога одреден министер одговара повеќе на друг ресор“, посочи тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања