Јасмина Костадинова, вработена во Министерството за земјоделство, е осудена на десет месеци затвор откако на последното рочиште ја призна вината за примање мито поврзано со посредување за доделување средства од ИПАРД програмата.
Судот одлучи во казната да биде пресметан и периодот од 5 ноември 2025 година, кога таа се наоѓала во домашен притвор, кој ѝ е продолжен. Барањето за поврат на 6.000 евра е одбиено, а со судска одлука ќе ѝ бидат конфискувани 8.000 евра запленети при претрес.
Судијката Ленка Давиткова во образложението наведе дека злоупотребите во овој случај ја поткопуваат довербата во администрацијата и може да имаат сериозни последици врз распределбата на средства за земјоделците.
Во предметот се опфатени и други лица, меѓу кои поранешниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка, како и уште еден поранешен министер, кои се товарат за различни форми на посредување и поткуп во процесот на доделување средства од ИПАРД програмата.
По отворањето на случајот, Европската комисија привремено ја стопираше исплатата на околу 2,9 милиони евра од ИПАРД, кои подоцна беа одблокирани.
Костадинова призна поткуп од 2.000 евра во случајот со европските фондови
Јасмина Костадинова обвинета во судскиот процес за корупција со европските фондови призна дека примила поткуп од 2.000 евра за манипулација со ранг-листата за финансиски средства. Костадинова, која работела во Министерството за земјоделство, сега бара судот да ѝ врати дел од запленетите пари за кои тврди дека се нејзини.Првообвинет за давање поткуп во овој случај е Џевдет Насуфи, поранешен министер и директор на фирмата „Сигнас-Арго“. Покрај него, обвинет за примање мито е и Илија Стоилев, поранешен директор на Агенцијата за финансиска поддршка.Обвинителството потенцира дека овој случај имал директни последици врз односите со Брисел.Адвокатот на одбраната, Ѕвонко Давидовиќ, пак, побара подеднаков третман на буџетските средства.Иако ЕК привремено ги стопираше средствата од 2,9 милиони евра поради овој скандал, тие во меѓувреме се деблокирани. За Костадинова пресудата следува во понеделник.
Македонија | пред 4 дена