Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Од следната недела нов повик од ИПАРД: Земјоделците ќе добијат можност за европска поддршка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 минута -

Македонија
zemjodelstvo

Земјоделците, преработувачите и сопствениците на бизниси во руралните средини од следната недела ќе можат да аплицираат за нова финансиска поддршка преку ИПАРД програмата 2021–2027. Јавниот повик ќе опфати три мерки, а заинтересираните ќе имаат 45 дена за поднесување на барањата.

— реклама —

Ова го најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието. Според него, повикот ќе опфати инвестиции во земјоделски стопанства, преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи, како и диверзификација и развој на бизниси во руралните средини.

— реклама —
— реклама —

Николоски посочи дека, зависно од мерката, европската поддршка може да покрие и повеќе од половина од вкупната вредност на инвестицијата. Документацијата и ажурираните упатства за аплицирање ќе бидат достапни на веб-страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

— реклама —

Агенцијата на 24 ноември веќе објавила претходна најава за јавниот повик број 01/2026. Рокот од 45 дена ќе започне да тече од официјалното објавување на повикот во дневните весници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarymp9g55735hu5eQLnVvA

10 месеци затвор за Костадинова за случајот со европските фондови, ќе и бидат конфискувани 8.000 евра

Македонија | пред 6 месеци

— реклама —
media-libraryb5iluq1rci361cXTIf9

Филипче: Со кражба на европски пари го суспендираа ИПАРД, сега владата удри по домашното земјоделство

Македонија | пред 9 месеци

media-libraryvljpgafo45s85LwbD2G

Афера со ИПАРД: управител и државни службеници обвинети за давање и примање поткуп, бил ветен подарок од 50.000 евра

Македонија | пред 9 месеци

ipard-1140x401-1

ВМРО-ДПМНЕ демантира суспензија на ИПАРД средствата: Европската комисија направила привремен прекин, не стопирање

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања