Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

11 лица приведени во акции против дрога, таблети пронајдени и во Идризово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library3i20nhhgf8a46Z9a23V

Во полициски акции спроведени во изминатото деноноќие низ повеќе градови во државата, вкупно 11 лица биле лишени од слобода поради поседување дрога, додека при претрес во Казнено-поправната установа „Идризово“ кај осуденик биле пронајдени таблети, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Во Скопје, на различни локации, полициски службеници привеле седум лица – М.Т. (37), З.Т. (25), И.Д. (31), Б.Ј. (20), М.Г. (20), Ш.Б. (33) од село Инџиково и Е.Н. (25) од село Кондово, откако кај нив биле пронајдени и одземени прашкаста материја, бела грутчеста материја и марихуана.

Во Гостивар, во близина на бензинска пумпа на улицата „101“, бил приведен 18-годишниот Л.Ќ., кај кого при преглед била пронајдена марихуана.

— реклама —

Во Казнено-поправната установа „Идризово“, при претрес извршен за време на посета на осуденикот С.М. (32) од Штип, биле пронајдени и одземени таблети.

— реклама —

Во Битола, на улицата „Тепсија“, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Б. (20), кај кого при преглед била пронајдена марихуана.

Во Прилеп, на локалитетот Вештачко езеро, приведени биле Ш.О. (41), државјанин на Турција со привремен престој во Прилеп, и Ф.И. (27) од Прилеп. При контрола на автомобил „мерцедес“ во кој се превезувале, полицијата пронашла прашкаста материја.

— реклама —

Од МВР информираат дека по целосното документирање на сите случаи, против приведените ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 2 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 2 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања