Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

11 возачи приведени за едно деноноќие: Деветмина без дозвола, двајца пијани зад волан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryujl7e9fm6t796Vk3NQy

Полициските службеници во текот на изминатото деноноќие лишиле од слобода 11 возачи на повеќе локации низ државата поради безобѕирно управување со моторни возила, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Според информациите, деветмина од приведените управувале возила без да поседуваат возачка дозвола, додека двајца биле затекнати како возат под дејство на алкохол.

— реклама —

Најмногу случаи се регистрирани во Куманово, каде биле приведени тројца возачи без возачка дозвола. По двајца вакви возачи биле лишени од слобода во Гостивар, а по еден во Скопје, Прилеп, Тетово и Неготино. Во Прилеп станува збор за малолетно лице, додека во Тетово возачот бил учесник во сообраќајна незгода.

Поради управување возило под дејство на алкохол, полициски службеници лишиле од слобода по еден возач во Македонска Каменица и во Кичево, при што кичевецот бил учесник во сообраќајна незгода.

— реклама —

Од МВР најавуваат дека по целосното документирање на случаите против сите сторители ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Воедно, од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку имаат изречена забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 12 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 12 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања