Промени тема
Контакт

115 скопски средношколци заминаа во Охрид на бесплатен едукативен камп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-libraryr9jc9qnt18ffa17rF0p

Во Охрид започна бесплатен наставно-научен едукативен камп за средношколци од Скопје, во кој во првата смена учествуваат 115 ученици.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека младите во текот на престојот ќе имаат можност да учествуваат во научно-истражувачки работилници, предавања, интерактивни дискусии и тимски проекти, но и во културни, креативни и спортски активности.

Целта на кампот е летниот период учениците да го искористат за стекнување нови знаења и вештини, развивање на критичкото размислување, како и унапредување на лидерските, комуникациските и презентациските способности.

— реклама —

Покрај едукативните активности, средношколците ќе имаат можност да го запознаат културното и историското наследство на Охрид, да разменуваат искуства и да создадат нови пријателства.

Втората смена, исто така со 115 ученици, ќе престојува во Охрид од 25 до 31 август.

— реклама —

Ѓорѓиевски порача дека вложувањето во младите и создавањето можности за нивен развој е инвестиција во иднината на целото општество.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

Средношколците се приклучуваат на денешниот протест: Бараме итни и одржливи решенија за враќање на јавниот превоз

Скопје | пред 1 година

odas

Сојуз на средношколци: прифатени се три од четири наши барања

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања