Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

13-годишна ученичка од основно училиште во Чешка нападналa двајца ученици со нож

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
liverpul-policija

13-годишна ученичка од основно училиште во градот Домажлице на југот на Чешка денеска со нож нападнала и ранила двајца ученици во нејзиното училиште, а полицијата брзо интервенирала и jа привела осомничената.

— реклама —

Според информациите, нападнатите момче и девојче се надвор од животна опасност, пренесува порталот Novinki.cz.

„Таа избоде девојка и момче со нож. За среќа, повредите не се премногу сериозни“, вели анонимен упатен извор за чешкиот портал.

— реклама —

Извори наведуваат дека нападот се случил утринава пред почетокот на наставата кога осомничената тинејџерка неочекувано влетлала во одделението со нож, при што момчето било прободено во стомакот, а девојчето во грбот.

— реклама —

Станува збор за деца со кои осомниченото девојче претходно одело во седмо одделение во основно училиште. Осомничената поради слабите резултати била принудена да го повтори седмото одделение, додава една од основците во Домажлице.

Засега не е јасно кој бил мотивот за овој напад.

— реклама —

„Причината може да биде ментална болест, влијанието на семејството и социјалните мрежи, можам да замислам и дека е шизофренија“, изјавила заменик директорката на Психијатриската болница во Добржани, Каролина Мала, пренесува порталот idnes.cz.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarypt0qenqk6c3c9NXQxcL

Чешка го блокира влезот на руските спортистки, и покрај одлуката за нивно враќање на меѓународните натпреварувања

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryocgo6bg9mv5d5XR0VAL

Бабиш под притисок од Брисел: ЕУ може да ги запре земјоделските субвенции за „Агроферт“

Свет | пред 1 месец

media-librarylvook9aclh662lhKgzS

Загина едно лице при пад на воен хеликоптер во Чешка

Свет | пред 4 месеци

media-libraryeidblv3jejccfsrHcqF

Во Чешка уапсен маж кој украл череп стар речиси 800 години од црква

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања