„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

14-годишно девојче од Црна Гора планирала терористички напад во Австрија: Ова се сите нови детали

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет

Како што пренесуваат австриските медиуми, обвинителството во Грац поднело обвинение против 14-годишно девојче по потекло од Црна Гора, кое на 17 мај беше уапсено под сомнение дека планирало терористички напад во центарот на тој австриски град.

Дојавата за терористичката закана дошла од разузнавачката служба на пријателска европска земја која истражувала исламистички групи во Германија и на тој начин дознала за онлајн активностите на девојката во Грац.

— реклама —

Како што пренесува Клајн Цајтунг, обвинителството и судот за медиумите потврдиле дека обвинението е потврдено. Девојката, чие име не се соопштува, е обвинета дека е членка на исламска група, која е класифицирана како терористичка и криминална организација во Австрија.

— реклама —

Од нејзините онлајн активности се чини дека таа и уште две лица планирале напади во име на оваа организација. Едно од тие лица е уапсено во Германија. Таа добила и нож и соодветна црна облека на ИД за да изврши терористички напад врз „неверниците“ во Јакоминиплац во Грац.

— реклама —

Не само што беа запленети ножот и облеката, туку иследниците пронајдоа онлајн комуникации во кои таа испраќала слики од можни цели на напади на истомисленици во странство, вклучително и Јакоминиплац. Токму овие активности и врски довеле до дојава до инспекторите за национална безбедност и борба против екстремизмот (LSE).

При претресот на куќата пронајден е и пропаганден материјал на Исламската држава. Според обвинителството, во видеото таа ја ветува својата лојалност кон ИД на арапски.

Според Клајн Цајтунг, судскиот вештак смета дека девојчето било здраво разумно, а датумот на првото рочиште се уште не е одреден. Девојчето не ја признала вината и одбила да соработува со полицијата. Откако била уапсена и одведена во затвор, поради ризик од повторување на делото и ризик од криење докази, била одредена во истражен затвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryof54790c4au19RPdffN

(Фото) Уапсен е осомничениот за терористичкиот напад во Индија

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања